Македонската фудбалска репрезентација преку редовните квалификации нестаса до завршницата од јубилејното ЕП-2020, но во март ќе има поравен преку нокаут-мечевите од завршницата во Лигата на нациите. Македонија поради подобриот скор во групата од Д сегментот, на 26 март во полуфиналето ќе биде домаќин на Косово. Во другиот полуфинален меч играат Грузија и Белорусија. Се игра по еден натпревар, без право на поправен. Победниците ќе се пласираат во финалето, кое е закажано за 29 март.
Местото на одигрување на овој натпревар по кој ќе биде познат учесникот на завршницата од ЕП-2020 од Д сегментото во Лигата на нациите, УЕФА ќе го одреди денеска напладне (12 ч.) со ждрепка.
Скопје очекува да му се насмевне среќата и доколку биде извлечен да го организира завршниот меч, македонската репрезентација ќе има дополнителен мотив да ја искорсти укажаната прилика преку последните два чекори, полуфинале и финале да стигне до историски настап на завршница од ЕП.