Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека во никој случај не бил загрижен што Маурисио Почетино е слободен откако беше разрешен од Тотенхем пред неколку дена.
Аргентинецот важеше за еден од фаворитите за менаџерската позиција на „Олд Трафорд” пред Солскјер да биде назначен трајно во март.
Сега повторно започнаа шпекулациите и тие велат дека Почетино ќе го замени Солскјер по низа лоши резултати од Манчестер Јунајтед.
– Воопшто не ми пречи. Имам најдобра работа во светот. Без разлика дали сте вработени или не, ако сте менаџер, би сакале да работите во Манчестер Јунајтед. Треба да се фокусирам на моите заложби и да ги исполнам колку што е можно подобро. Добро, јас разговарам со Ед Вудвард и сопствениците цело време за тоа како можеме да го развиваме клубот и да одиме напред. Тоа нема да се промени затоа што другите клубови ги менуваат своите менаџери, рече Солскјер.
Тој го прокоментира и враќањето на Жозе Мурињо на чело на англиски тим.
– Добро е што Жозе се врати. Особено за вас, новинарите. Во однос на Маурисио, секогаш е тажно кога колегата кој е добар човек ја губи својата работа пред Божиќ. Му посакувам се најдобро, додаде Норвежанецот.