Средба на КСС со Јап Винен од Светската конфедерација на синдикати

Членови на Извршниот одбор на КСС се сретнаа со специјалниот советник на генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), Јап Винен.

– Досега КСС има остварено повеќе средби со високи претставници од Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), во која што сме и полноправни членки, кои се потполно запознаени со состојбите со синдикалното организирање  и синдикалното делување во Македонија,  со кршење на законите, непочитување на колективните договори, загрозување и директно мешање во синдикалното организирање, како и со кримналните дејствија нанесени врз синдикатот во организација на високи претставници од Владата, за кои се водат судски постапки и за кои добиваме позитивни судски пресуди, наведуваат во соопштението од КСС.

Оттаму оценуваат дека средбата со Винен, остварена вчера, е од големо заначење бидејќи се разговарало подетално за недозволивите состојби во областа на синдикалното движење во Македонија, а исто така и за понатамошните чекори што заеднички треба да се преземат со цел да се прекине овој несоцијален и недемократски начин на кој делува Владата кон синдикатите, односно кон КСС. Специјалниот советник Винен, стои во соопштението, ќе побара специјална мисија, во организација на Светската и Европската конфедерација на синдикати заедно со Меѓународната организација на трудот за состојбата со синдикатот во Македонија, бидејќи е донесен заклучок дека во оваа држава таква специјална мисија е навистина неопходна.

На средбата имало и плодна дискусија околу економскиот и стопанскиот развој во земјава, околу законот за работни односи за кој се согласиле дека е по европски терк, но и за останатите закони кои се однесуваат на работниците.

Треба да знаете
Последни објави