С.Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на С.Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нации. Денеска во Нион се одржа ждрепката за натпреварите од Лигата на нациите, а „жолто-црвените” ќе треба на гостински терен да го играат финалето доколку ја победат косовската репрезентација. Натпреварот со нашите соседи го играме на домашен терен на 26. март.
Финалните натпреаври се закажани за 31 март.
Бугарија не обезбеди пласман во полуфиналето како првопласирана во групите, но откако 20 екипи се пласираа на континенталниот шампионат, а дел од другите подобри селекции имаа заверено прво место, преку Лигата на нации на источниот сосед му се отвори новата шанса. Бугарија ќе биде домаќин во полуфиналето и во финалето на А сегментот ако избори настап за последниот меч кој носи настап на ЕП.

БиХ со два меча дома може да избори настап на ЕП-2020, а соседна Србија, ако ја мине Норвешка во гости ќе биде домаќин на финалниот меч. Македонија немаше среќа да добие домашен финален меч, па ќе мора преку Тбилиси или Минск да бара виза за учество на ЕП.

А-лига

Исланд – Романија, Бугарија – Унгарија

финале: Бугарија/Унгарија – Исланд/Романија

Б-лига

БиХ – С. Ирска, Словачка – Р. Ирска

финале: БиХ/С. Ирска – Словачка/Р.Ирска

Ц-лига

Шкотска – Израел, Норвешка – Србија

финале: Норвешка/Србија – Шкотска/Израел

Д- лига

Грузија – Белорусија, Македонија – Косово

финале: Грузија/Белорусија – Македонија/Косово

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави