Шахни: Косово ненамерно е оставено како дел од Србија

Албанската министерка за образование и наука Беса Шаини реагираше по објавената вест дека во книгата по предметот „Граѓанство”, на географска карта Косово се уште е дел од Србија.

Таа истакна дека се работи за ненамерна грешка.

– Косово е Република и како таква е призната од Албанија, Република Северна Македонија, Црна Гора, 23 земји членки на ЕУ, САД, и многу други земји. Но, авторот на книгата, уредникот на издавачката куќа и комисијата која дозволи да се печати книгата, не можеле да видат дека Косово го нема на картата, напиша Шахни на Фејсбук.

Таа посочи дека во моментот се води процес на ревидирање на сите училишни книги.

Веста дека Косово е во границите на Србија на карта во учебник во Албанија за осмо одделение, ја објави поранешниот албански премиер, екс претседател и почесен лидер на опозициската Демократска партија Сали Бериша, по што следуваа остри реакции од Косово. Бериша на својот профил на Фејсбук објави фотографија од книгата „Граѓанство ” наменета за учениците за осмо одделение, во која стои карта на која Косово е во границите на Србија.

Претходно албанскиот премиер Еди Рама објави видео во кое, меѓу другото, можеше да се забележи мапа на која косовската територија е во границите на Србија.

Беса Шахини, која е од Косово, на чело на Министерството дојде во февруари годинава на местото на Лндита Никола,кога премиерот Еди Рама ја направи првата реконструкција по формирањето на владата во септември 2017 годна. Освен Шахни и Гент Цакај, е исто така од Косово,а беше назначен за министер за Европа и надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави