Aл Пачино собира тим кој треба да ги изведе нацистите пред лицето на правдата- прв трејлер за Hunters

Ал Пачино не забавува.

Само неколку недели по објавата на нов филм The Irishman (Ирецот), во режија на Мартин Скорсезе, во кој Пачино глуми заедно со Роберт де Ниро, откриен е следниот проект на 79-годишната актерска легенда.

Првиот трејлер за серијалот на Џордан Пил беше објевен во четвртокот.

Во него е ликот кој го игра Пачино – Мејер Оферман – и тој собира тим луѓе со задача да пронајдат нацисти за да им се суди.

Оферман е лидер на тимот и е опишан како „моќен и таинствен човек“.

Во монологот прикажан на трејлерот Пачино вели: „Доаѓа време кога сите треба да избереме помеѓу светлината и темнината. Но, кога има голем мрак во овој свет, можеби изборот е направен за нас“.

„Знаете дека милиони луѓе како нас се деградирани и истребени, но не повеќе. Има зло меѓу нас и мора да се запамети дека ова зло почнува како точка во нив. Потоа прераснува во дамка, тогаш станува камшик“, Пачино вели на видеоклипот.

https://youtu.be/IZiQHRH9qOY

„Таквото зло не можеме да го спознаеме сè додека не нè погоди, затоа време е да се нападне сега пред да биде уништено сè што ни е драго. Ова не е убиство. Ова е Митцвах. Добредојдовте во Ловци.“

Филмот говори за ловци на нацисти кои живеат во Големото Јаболко. Групата открива стотина високи нацистички функционери кои живеат во САД и разговараат за создавање на Четврти рајх.

Треба да знаете
Последни објави