Ал Пачино не забавува.
Само неколку недели по објавата на нов филм The Irishman (Ирецот), во режија на Мартин Скорсезе, во кој Пачино глуми заедно со Роберт де Ниро, откриен е следниот проект на 79-годишната актерска легенда.
Првиот трејлер за серијалот на Џордан Пил беше објевен во четвртокот.
Во него е ликот кој го игра Пачино – Мејер Оферман – и тој собира тим луѓе со задача да пронајдат нацисти за да им се суди.
Оферман е лидер на тимот и е опишан како „моќен и таинствен човек“.
Во монологот прикажан на трејлерот Пачино вели: „Доаѓа време кога сите треба да избереме помеѓу светлината и темнината. Но, кога има голем мрак во овој свет, можеби изборот е направен за нас“.
„Знаете дека милиони луѓе како нас се деградирани и истребени, но не повеќе. Има зло меѓу нас и мора да се запамети дека ова зло почнува како точка во нив. Потоа прераснува во дамка, тогаш станува камшик“, Пачино вели на видеоклипот.
https://youtu.be/IZiQHRH9qOY
„Таквото зло не можеме да го спознаеме сè додека не нè погоди, затоа време е да се нападне сега пред да биде уништено сè што ни е драго. Ова не е убиство. Ова е Митцвах. Добредојдовте во Ловци.“
Филмот говори за ловци на нацисти кои живеат во Големото Јаболко. Групата открива стотина високи нацистички функционери кои живеат во САД и разговараат за создавање на Четврти рајх.