Велика Британија одби на Маврициус да му ја врати контролата врз оддалечената низа острови во Индискиот Океан, на кои исто така има и американска воена база.
Генералното собрание на ООН, со 116 гласови „за“ и само шест против донесе одлука Велика Британија до 22 ноември да му го врати на Маврициус архипелагот Чагос, но тоа не се случи, објави „Скај њуз“.
Со оглед на тоа што заврши рокот од шест месеци, премиерот на Маврициус изјави дека Велика Британија од сега е илегален колонијален окупатор.