Тренерот на фудбалскиот клуб Челзи, Френк Лампард, изјави дека никогаш не би бил тренер на градскиот ривал Тотенхем.
Со тоа, Лампард го „провоцира” својот некогашен учител Жозе Мурињо, кој додека го водеше Челзи пред четири години исто така тврдеше дека никогаш не би го презел Тотенхем, а пред неколку дена стана тренер на тој клуб.
– Никогаш нема да ме видите на клупата како тренер на Тотенхем. Истото ќе ви го кажам и по десет години, изјави Лампард, кој е и играчка легенда на „сините” и во минатото играше за Мурињо.