Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на Владата на Република Македонија
„Да блескавме како економија и држава како што тврди Зоран Заев и владата, немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од Македонија. Попусти се сите фингирани бројки од владата кои со розови очила ја гледаат црната реалност.
Најголемиот доказ дека Македонија оди во погрешен правец со Заев и СДСМ го даде Стево Пендаровски од Белград, кој јавно на регионален форум во Нови Сад кажа дека и тој ако не би бил претседател на државата би се иселил. Не мисли само Пендаровски да се иселува. Со оваа влада се иселија илјадници млади луѓе. Полни се автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.
Иселувањето е последица на презадолженост на државата, со јавен долг од над 5.4 милијарди евра, високите даноци, нефункционалниот правен систем, непотизмот, криминалот и корупцијата единствена опција за младите е да се иселуваат.
Македонија нема повеќе време за чекање. Оваа власт потроши 3 години од животот на граѓаните.
Македонија има потреби од обнова и вистински политики и реформи кои ќе ја стават државата на брза лента кон ЕУ.“