Зидан го остави Бејл на клупата за резерви за натпреварот со Сосиедад

Познат е составот на Реал Мадрид за натпреварот од 14. коло од Ла Лига против Реал Сосиедад. Меѓу стартерите го нема Герет Бејл кој деновиве беше изложен на критики по прослава на пласманот со Велс на ЕУРО 2020.

Зидан се одлучи за следниов почетен состав: Куртоа, Карвахал, Варан, Рамос, Менди, Касемиро, Валверде, Модриќ, Азар, Родриго, Бензема.

Резерви: Ареола, Марсело, Милитао, Крос, Иско, Бејл, Јовиќ.

Средбата ќе започне во 21 часот.

Реал Мадрид со 25 бода се наоѓа на второто место на табелата, додека Сосиедад е петти со 23 бода.

Треба да знаете
Последни објави