Левандовски ја прекина серијата и прв пат по 11 натпревари не постигна гол

Напаѓачот на Баерн Минех, Роберт Левандовски не ја затресе противничката мрежа на денешниот натпревар со Фортуна Дизелдорф во 12.коло од Бундеслигата.

Баварците го добија мечот со 4:0, а полскиот напаѓач не постигна гол, прв пат по 11 кола од почетокот на сезоната.

Баерн по 12 одиграни средби во германското фудбалско првенство, има седум победи, три нерешени и два загубени дуела, доволно за во моментов третото место.

Треба да знаете
Последни објави