Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо им се извини на навивачите, откако по денешната победа над Вест Хем (3:2) во Премеиер лигата не отиде со своите играчи кон трибината со навивачите на „спарс”.
- Не сакав да им пристапам на навивачите, затоа што мислев дека заслугата за победата не е моја, туку на играчите. Се извинувам ако со овој мој потег навивачите се чувствуваат повредени. Останав настрана, но ценам дека неколку илјади навивачи кои беа на трибините и ни даваа поддршка имаат разбирање. Сега тие се толку среќни колку што сме, изјави Мурињо.
Португалецот со Тотенхем забележа победа во своето деби на тренерската функција во овој клуб.