Три лица биле тешко повредени во две сообраќајни несреќи ноќеска на патот Штип- Делчево во двете насоки, информираше МВР.
-На 22.11.2019 во 21.30 часот на магистралниот пат Штип-Делчево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И.(19) од Виница, патничко моторно возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Виница, и патничко моторно возило „цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница, велат од МВР.
Втората сообраќајка се случила утрово во 4 часот, на патот Делчево-Штип кај место викано ,,Кучичинска крстосница“.
Тогаш автомобил ,,опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(21) од селоТеранци излетало од патот по што тешко бил повреден сопатникот А.К.(20) од село Видовиште, кој бил префрлен во Клиничкиот центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.



