На крајот на септември оваа година, бројот на мобилни телефони во Црна Гора изнесувал 1.294.942, што претставува рекорд во Европа со оглед на фактот дека оваа балканска држава има нешто над 622.000 жители.
Од вкупниот број корисници, 53,6 отсто се припејд корисници, додека постпејд корисници има 46,4 отсто, се наведува во извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации.
Услуги на мобилна телефонија во Црна Гора пружаат три оператори.
Во однос на септември, минатата година, регистриран е пораст на бројот на корисници за 4,9 отсто, се наведува во извештајот.