На 22.11.2019 во 22.20 часот во Полициска станица Тетово, Е.Ј.(37) од село Мала Речица пријавил дека во 20 часот во флиперница во селото неговиот малолетен син и Б.Н. по претходна расправија со остар предмет биле физички нападнати од три малолетни лица сите од Мала Речица.
И напаѓачите се на возраст од 16 и 17 години, со кои претходно се познавале.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.