Претседателот стево Пендаровски ја објасни неговата изјава дадена денеска во Нови Сад, дека „ако не беше претседател ќе се иселеше од Македонија“, што предизвика реакции од политичките партии.
-Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат, рече Пендаровски.