Вo Белград синоќа почина истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски.
Душица Илин-Шеќеровски е родена во Тетово на 12 март 1944 година. Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград, а книжевните и новинарските студии ги усовршува во Белград, каде што живее и работи како дописник на повеќе македонски електронски и пишани медиуми.
Член е на ДПМ од 1972 година. Таа е автор е на повеќе поетските книги, меѓу кои „Фреска на срцето” (1971), „Сизифина” (1976), „Ветер во кафез” (1981), „Толкување на стравот” (1989), „Бела линија” (2006), „Вишок земја” (2019), како и на „Златен венец – Антологија на струшките вечери на поезијата” во три изданија.
Песните на Душица Илин се објавени во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Таа е дoбитник и на наградата Златен прстен за книжевен опус.