Интегрален текст од изјава на Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ
„Ова е местото каде градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ без претходно да се консултира со жителите од Маџир Маало си замислил дека токму овде треба да има хотели. За ваквиот замислен план им требале речиси 2 години и притоа во ниту еден момент не ни помислиле дека ПРЕД да се нацрта било каков план прво треба да се соберат мислења од жителите за понатаму да си тече цела процедура.
Оттука се поставува прашањето ако само за цртање еден ваков нефункционален план, ви требаа цели 2 години,колку време ќе ви треба да го истиот да го смените согласно потребите и забелешките од жителите на Маџир маало. Исто така бараме одговор колку чини изработката на овој апсурден план?
Почитувани,
Дополнителен сомнеж отвора и молчењето на Богдановиќ кој не открива што ќе се гради во Маџир маало. Не може од Маџир маало, населба која е исклучиво наменета за домување, од неа да се направи Лас Вегас. Со интересите и потребите на граѓаните нема компромис.
Затоа апелираме до жителите на Маџир маало да ја искористат можноста да го пополнат Анкетниот лист и да ги вметнат сите нивни забелешки. Сторете го тоа а потоа борбата и трнливиот пат заедно ќе ги одиме.“