Славољуб е храбриот учител кој спречи масакр во училиштето во Велика Плана

Славољуб Стојадиновиќ е наставникот-херој кој вчера спречи масакр во средното економско училиште „Вук Караџиќ“ во  Велика Плана во Србија, совладувајќи го Горан Тодоровиќ (46), кој упаднал со „калашников“ и експлозив.

„Тоа се случи за време на шестиот час. Ме повика моја ученичка да дојдам од салата за физичко и ми кажа дека човек со оружје е кај нив во училницата. Истрчав од салата, чукнав на вратата и го видов колегата кој седеше на катедрата. Од десна страна здогледав лице со оружје и торба полна експлозив. Го прашав кој е, но не го слушнав одговорот“, кажа Стојадиновиќ, кој предава физичко.

Тогаш им наредил на децата да излезат. Почнала борба со напаѓачот кого успеал да го совлада, при што ја повредил раката. Во туркањето биле испукани два истрели.

Училиштето нема обезбедување, но има камери. Напаѓачот сепак успеал да влезе.

„Училишниот полицаец во тој момент не беше во училиштето. Напаѓачот влегол во училиштето вооружен додека чистачките чистеле“, додаде Стојадиновиќ и додаде дека децата биле заложници 15-тина минути, додека тој не се појавил.

Како што објавија српските медиуми, напаѓачот е 46-годишниот Горан Т., психички нарушена личност. Сакал да предизвика заложничка криза во училиштето, а кај него биле најдени и пиштол, експлозив и рачна бомба.

По нападот бил одведен во болницата каде што е згрижен.

Треба да знаете
Последни објави