Најмалку 34 лица настрадаа во поплави настанати по обилните дождови во западна Кенија, соопшти министерот за внатрешни работи на источноафриканската земја.
Како што наведе, 29 лица настрадале поради одрони, пренесе „АП“.
Останатите пет загинале кога нивниот автомобил го однела водата поради излевање на две реки, наведоа локалните власти.
Повеќе од еден милион луѓе во источна Африка беа погодени од поплави по необично силните дождови.