-За 300 отсто ја зголемивме социјалната помош кон најсиромашните. Доделивме социјална пензија, 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари надоместок до пензионирање. Со укинувањето на радиодифузната такса граѓаните годишно штедат по 12 милиони евра. 11,4 милиони евра штедат годишно граѓаните само со воведувањето на дневната евтина тарифа на струјата. Пред две години ЕСМ, должеше 2 милиони евра, а сега на сметката има 87 милиони евра, а притоа ја имаме најевтината цена на електрична енергија во Европа која што ќе ја задржиме и понатаму. И тоа е враќање на парите назад кај граѓаните, тоа е исполнување на нашиот концепт. Тоа се вистински политики насочени кон граѓаните, посочи Заев.
Ќе продолжиме и понатаму, затоа што сме определени на трајни основи кои носат резултат за државата, порача претседателот Заев додавајќи дека преку мерката Мој ДДВ зголемена е наплатата на ДДВ а од неа дел ќе се вратат директно на сметките на граѓаните, а дел ќе се искористат за изградба на нови градинки, училишта, водоводи, за патишта и за мерки важни за граѓаните.