Либиската Крајбрежна стража во неколку бродови откриени во непосредна близина на медитеранскиот брег пресретнала 284 мигранти тргнати на пат за Европа.
Во соопштението на службата се наведува дека мигрантите биле откриени во четири оделни акции кај крајбрежните градови Триполи, Завија, Гарабули и Абу Кемаш.
Во соопштението се додава дека бродовите биле пресретнати во средата, јавуваат американските медиуми.
Крајбрежната стража наведува дека мигрантите и се предадени на Владата во Триполи и дека се префрлени во притворски центри.
Либија стана главна крстосница за минување на мигрантите кои бегајќи од војните и сиромаштијата во Африка одат кон Европа.
Во последните години Европската унија воспостави соработка и партнерство со либиската Крајбрежна стража и другите локални служби за да ги спречува опасните патувања преку Средоземно море.