Денвер го победи Бостон Селтикс со 96:92 во меч во кој Никола Јокиќ го забележа третиот трипл-дабл сезонава или 31. во кариерата. Сепак, натпреварот во „Пепси центарот“ го одбележа повредата на Кајл Вокер во завршницата на втората четвртина. Кошаркарот на Селтик жестоко удри со глава во телото на Сами Ојелеје и остана да лежи на паркетот неподвижен.
Кемба со носилки беше изнесен од теренот. После мечот сите резултати направени во болница покажале позитивни резултати. Последните информации говорат дека Вокер нема повреди на вратот туку мал потрес на мозокот и дека набрзо ќе се врати на паркетот.
Јокиќ уфрли 18 поени, имаше и 16 скокови и 10 асистенции. Џамал Мареј постигна 22 поени. На другата страна Џејлен Браун го заврши мечот со 22 поени. Инаку Денвер има скор од 11-3 на второто место на Западот , а Бостон 11-4 и е трет на Истокот.
Уште еден маестрален меч одигра Лука Дончиќ во победата на Далас над Кливленд со 143:101. Домашниот тим беше апсолутно доминантен, а за тоа зборува самиот податок што ја доби втората четвртина со 37:16, а третата со 45:29. Дончиќ за 29 минути на теренот постигна 30 поени, а имаше и седум скокови и 14 асистенции. Така младиот Словенец стана најмладиот кошаркар во НБА кој во три едноподруго натпревари постигнал 30+ поени и 10+ асистенции.
Инаку Далас ја запиша четвртата победа по ред, а 10-та оваа сезона. Кливленд не успеа да ја прекине црната низа која изнесува шести пораз по ред.
Лос Анџелес Лејкерс триумфираа во дуелот со Оклахома Сити со 130:127, а на Ентони Дејвис од Лејкерси постигна дури 33 поени, додека Леброн Џејмс го заврши мечот со 23 поени. На другата страна Шеј Александар имаше 23 поени. Лејкерси со 13. победа го чуваат врвот на Западот. Оклахома го впиша 10. пораз.
Мајами Хит со триумфот над Чикаго Булс со 116:108 ја забележа 11. победа сезонава и ја држи втората позиција на Истокот. Во другите натпревари Филаделфија без проблеми излезе на крај со Сан Антонио Спарс 115:104.
Јута го победи Голден Стејт (113:109), Клиперс славеа против Хјустон (122:119), Броклин со 116:97 ги победија Сакраменто Кингс.



