(Видео) Албански кошаркар нокаутира судија среде натпревар

Во текот на вчерашниот ден, додека играа екипите на Тирана и Теута, Кошаркарот на албанскиот клуб Теута, Бруно Далиу незадоволен од судиска одлука, „ја зеде правдата во свои раце“ и го нокаутираше судијата, Јурген Мухо.

Инцидентот се случи вчера на натпреварот со Тирана, а играчот потполно ја загуби контролата, па со тупаници почна да го удира судијата. Натпреварот веднаш беше прекинат, додека судијата со возило на брзата помош беше пренесен во болница.

После немилиот настан реагираше полицијата која го уапси кошаркарот на кого му се заканува затворска казна во висина од дури пет години.

Треба да знаете
Последни објави