Дванаесет членови на атлетскиот клуб „7 Ноември” од Гевгелија денеска настапија на полумаратонот „Демокрит” што се одржа во грчкиот град Ксанти. Шестмина од гевгелиските атлетичари го трчаа полумаратонот на патеката долга 21,1 километар и сите упеаја да стигнат до целта. Најдобар пласман меѓу нив, но и меѓу сите атлетичари од нашата земја, постигна Тодор Анчев кој на целта пристигна како 46-ти во конкуренција на 650 натпреварувачи.
Останатите шест атлетичари од Гевгелија настапија на трката на 5.000 метри, кои траката ја завршија во конкуренција на 1.000 натпреварувачи.
Гевгелиските алтетичари изјавија дека патеката била тешка, напорна и со многу нагорнини поради што, како што посочиле, тркачите од нашата земја заслужуваат пофалби што успеале сите да пристигнат до целта во Кстанти.