Италијанските власти, заради лошите временски услови, денеска му дозволија на хуманитарниот брод „Оушн Викинг”, кој со денови плови по Медитеранот, со 213 мигранти да вплови во италијанското пристаниште Месина, јавија италијанските медиуми.
Хуманитарната организација „СОС Медитарене” вчера соопшти дека бродот добил одобрение да влезе во Месина, на североистокот од Сицијија.
Бродот минатата недела спаси 215 мигранти. Една бремена жена,која очекувала близанци, и еден маж, веќе беа пренесени на копното со хеликоптер.
Бродот „Опен Армс” на шпанска невладина организација минатата недела пронајде уште 73 мигранти во Средоземно море. Засега се уште не се знае дали и каде овој брод ќе добие дозвола за пристигнување.
Двете невладини организации често пати бараат дозвола за пристапување до италијанските или малтешките пристаништа
Преполниот брод, долг само десетина метри, од саботата чекаше на околу два километри оддалеленост од италијанскиот остров Лампедуза.