Скопје новогодишно ќе светне за 285.000 евра. Задачата тоа да го направи откако заврши тендерската постапка ја доби фирмата Линк медиа која веќе десет години наназад е задолжена за новогодишниот амбиент во македонската престолнина.
Линк медиа лани го украсуваше Скопје за 260 илјади евра. Годинава новитет ќе биде дигиталната елка поставена на градскиот плоштад, каде граѓаните ќе ги забавува Дино Мерлин.