Интегрален текст од изјава на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
„Денеска тука сме во општина Јегуновце да разговараме со граѓаните, да видиме што имаат да ни кажат, продолжуваме со нашиот караван „Обнова на Македонија“ , разговараме на сите актуелни теми и добро е да се слушнат граѓаните и во што помасовен број да не искритикуваат, но и да ни дадат идеи како да продолжиме понатаму.
Добро е што голем број на граѓани доаѓаат и кажуваат што да предложиме во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ,која треба да биде една од најдобрите програми и да допре до сите граѓани, затоа сме внимателни овој период да бидеме со народот. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот, но овој пат за кратко време ни доаѓа техничка влада, ни доаѓаат многу предизвици и затоа целото раководстсво на ВМРО-ДПМНЕ е на терен, заедно со многуте граѓани ја исцртуваме програмата.
Затоа и додека сме во техничката влада, но и потоа ќе покажеме во изборната кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ги има најдобрите кадри, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е спремна за избори да ја води Република Македонија во новата влада.
Ние сме амбициозни луѓе и сакаме амбициозни проекти, затоа насекаде во Република Македонија се случува оваа „Обнова на Македонија“. Им благодариме на сите граѓани коишто излегуваат, коишто ни даваат поддршка, а од друга страна ни даваат позитивна енергија за да продолжиме.
Сведоци сме на многу погрешни политики коишто ги води оваа власт, сведоци сме на една изјава вчера што ја спомна првиот човек којшто треба да води Република Македонија, господинот Стево Пендаровски. Наместо позитивна енергија да шири како Врховен командант, како човек што треба да обединува, ние слушаме дека сака да си замине што побрзо. Епа да си заминете, ние ви велиме да си заминете сите, и затоа ќе работиме за што побрзо на 12-ти април следната година да ве испратиме во пензија.“