Во минатото видовме дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е подготвна буквално на се за да додјде или остане на власт. Најсилен но и најмонструозен доказ за тоа е насилството од 27 април, случаите со масовното прислушување, пристисоците кон граѓаните и медиумите, изборните нерегруларности, но и низ други случаи. И денес не е ништо променето во матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, вели во интервју за Ипортал генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во однос на предизборните коалициии, генсекот на партијата на власт вели дека е премногу рано да се зборува а прашањето со кого се СДСМ ќе настапи на изборите, дали во предизборна коалиција, се уште е отворено.
За исходот од самите избори, тој смета дека сега кога решението на најголемите проблеми, кои со години не беа решавани, се решени, очекува многу побрз напредок и развој во вториот мандат на партијата.
Мерките не ги носиме заради популизам и гола политика, туку да обезбедиме суштински промени во секое поле, да го подобриме животот на сите граѓани, посочува Николовски во интервјуто, кое може да го прочитате тука.