Британската полиција обвини 23-годишен маж од Северна Ирска за кривично дело трговија со луѓе, како дел од истрагата за смртта на 39 Виетнамци пронајдени во задниот дел од камион во близина на Лондон минатиот месец.
Како што беше соопштено, Кристофер Кенеди бил уапсен на 22 ноември и треба во понеделник да се појави пред судот, пренесе „Ројтерс“.
Обвинителството покрена обвинение за организирање на криумчарење на луѓе во Велика Британија.
Жртвите, 31 маж и осум жени, беа најдени во ладилник на камион во Есекс, недалеку од пристаништето на 23 октомври.
Возачот на камионот, кој исто е Северна Ирска, е обвинет за убиство, учество во криумчарење на луѓе и перење пари.