На 24.11.2019 во 00,30 часот пред пекара на булевар Јане Сандански од полициски службеници од СВР Скопје, бил лишен од слобода Д.Б.(32) од Прилеп кој бил во видно алкохолизирана состојба.
Прилепчанецот агресивно се однесувал кон полицајците, а истиот претходно во угостителски објект во близина по претходно недоразбирање физички го нападнал А.А.(32) од Р.Бугарија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.