Приведен дилер од Ѓорче: Дома имал кокаин, амфетамин и куршуми

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против Д.П.(25) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 18.11.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на ул.„Ѓорче Петров“, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага со остатоци од амфетамин и кокаин, 15 куршуми со калибар 22LR и еден куршум со калибар 7,65мм. Тој бил приведен и предаден за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави