Претседателот на Романија, Клаус Јоханис убедливо победи во вториот круг од претседателските избори во земјата денес, според излезната анкета.
Конзервативецот Јоханис освои 66,5 проценти од гласовите, наспроти поранешната премиерка и лидерка на социјалдемократите, Вјорика Данчила, со 33,5 проценти, според анкетата на ИРЕС.
Во првиот круг на изборите пред две недели, Јоханис освои 37,8 проценти од гласовите, а Данчила 22,2 проценти.
Официјалните првични резултати се очекуваат подоцна вечерва.
Јоханис вети дека ќе продолжи да се бори против корупцијата и да го јакне владеењето на правото.