Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, нема да го продолжи договорот додека не добие гаранции за иднината на менторот Пеп Гвардиола, пренесе „Сан”.
Дваесет и четири-годишниот Англичанец оствари извонреден напредок во последните 12 месеци пред да го потпише сегашниот договор. Клубот од „Етихад” сега е подготвен да го направи Стерлинг најплатениот играч во Премиер лигата со неделна плата од 450.000 фунти.
Сепак, самиот играч не брза да ја поврзе својата иднина со Сити.
До крајот на договорот на Гвардиола остануваат 18 месеци и ако каталонскиот тренер реши да ги напушти „небесно-сините”, Стерлинг може да размисли за промена на средината.