Трагедија во Виница: Го прегазил тракторот додека го поправал

На  23.11.2019 околу 16,10 часот во Полициска станица Виница било пријавено дека на место викано „Лисец-Бараки’’ на планината Плачковица во атар на с.Градец,виничко, П.С.(53) од Берово, додека го поправал тракторот, бил прегазен од него. П.С. бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде околу 19,00 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави