Интегрален текст од изјава на Игор Јанушев, генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ
„Продолжуваме со Разговорите за Обнова на Македонија и денеска сме во посета на Пехчево каде што имавме можност да поразговараме со граѓаните, за реалните проблеми кои што се случуваат во секојдневното живеење.
Она што е слика за целата држава, можеби најдобро е да се забележи во овој крај од нашата држава, она што вчера ја слушнавме катастрофално лоша изјава на претседателот Пендаровски всушност е секојдневие во последните година дена овде во Пехчево.
Зборувам за иселувањето особена на младите кои што секојдневно ја напуштаат државата и за жал овие убави градови во можеби најубавиот дел од Република Македонија, остануваат празни.
Она што како ВМРО-ДПМНЕ го преземаме како обврска од разговорите со граѓаните е да направиме се што можеме, да создадеме услови во нашата држава за прво да ги спречиме младите да се иселуваат, а секако дека и во блиската иднина сите оние кои што се иселиле да ги мотивираме преку работа и само работа да се вратат назад во нашата држава.
Неработењето и неспособноста на оваа влада како на централно, така и на локално ниво е нешто што го гледаме буквално секој ден.
Иако во Пехчево имаше огромни ветувања од страна на локалната власт, овде сме на градскиот плоштад каде што можеме да видиме дека буквално едно камче не е помрднато, една шајка не е закована, една светилка не е заменета. Ниту градскиот плоштад е реновиран, ниту е средено речното корито овде во Пехчево, ниту се реализирани кружните текови кои што ги најавуваа и ги лажеа и манипулираа граѓаните во време на предизборието.
Исто така да не заборавиме и да ги потсетиме граѓаните дека нема ништо од модернизацијата, односно унапредувањето и пуштањето во функција на водоводниот систем.
Она што имам да го порачаме овде од Пехчево а се однесува на земјоделците е дека граѓаните се жалат на селективна и ненавремена исплата на субвенциите, без разлика на сите пофалби и обиди за манипулации и предизборен поткуп што го слушаме од страна на власта.
Она што имаме да им го порачаме од победничко Пехчево е дека Обновата доаѓа. На 12 април Заев паѓа, а Република Македонија конечно почнува да оди напред.“