Водечки екипи во прволигашката фудбалска конкуренција на Македонија, лидерот Вардар и второпласираниот состав на Академија Пандев во 15.коло освоија само по еден бод. Вардар скапо ги плати промашувањата, во локалното дерби со лутиот ривал Шкупи (1-1), а Академија Пандев ремизира со Струга (1-1). Овие киксови ги искористи актуелниот шампион Шкендија за да им се доближи во трката за врвото откако почна да се буди по катастрофалниот старт. Шкендија во тетовската пресметка со Ренова постигна половина дузина голови 6-1, и им се приближи на скопските „црвено-црните“ на седум бода.
Шкупи на Националната Арена „Тодор Проески“ играше во подредена улога, не шутнаа на голот, а на крајот осдтана непоразен иако Вардар рано стигна до водство преку Жуниор во 14. минута и промаши повеќе прилики да го реши прашањето околу победникот па беше казнет во 71. минута со погодокот на Ламине Дијак.
Актуелниот првак Шкендија ја растури Ренова со 6-1, од кои пет гола постигна во второто полувреме. Академија Пандев во 93-та минута дозволи Струга Трим Лум преку Цветановски да стигне до израмнување. Во Велес, Борец и Силекс ремизираа без голови, а вчера Макеоднија ЃП ја продлабочи кризата на Работнички и го остави закован на дното со триумфот со 2-0
ПРВА ЛИГА, 15. КОЛО
Вардар – Шупи 1-1 (1-0)
Жунињо 14 – Дијак 71
Шкендија – Ренова 6-1 (1-0)
Имери 5, Алими 50, Б. Ибраими 54, А. Ибраими 64 п., Фазли 82, Тотре 90+1 – Селмани 85
А. Пандев – Струга Трим Лум 1-1 (0-0)
Рајковиќ 68 – Цветаноски 90+3
Борец – Силекс 0-0
ВЧЕРА
Македонија ЃП – Работнички 2-0 (1-0)
Јашароски 18, Божиновски 70
ТАБЕЛА: Вардар 31 бод, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга ТЛ 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11.