ВАР во Македонија ќе го има своето деби на бараж дуелот со Косово

Како што дознава СПОРТМЕДИА, ВАР во Македонија ќе го има своето деби на 26 март, на бараж дуелот со Косово за пласман на ЕВРО 2020. Тоа е одлука на техничката комисија на УЕФА, а тоа е уште еден доказ дека овој меч меѓу Македонија и Косово може да се игра само на Арената „Тодор Проески“ во Скопје и на никој друг во Македонија.

Значи на 26 март за првпат во нашата земја ќе се користи ВАР ситемот. Познато е дека досега на овие простори се користеше во Хрватска и Србија, само поради тоа дека нивни екипи играат во Лигата на Шампионите, а и двете земји имаат намера да го воведат во нивните првенства.

 

Треба да знаете
Последни објави