Дионтеј Вајлдер се избори за нова борба со Тајсон Фјури откако успеа во седмата рунда да го нокаутира предизвикувачот Луис Ортиз. Со тоа Американецот ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата ВБЦ. Ова беше негова 42 победа од која 41 со нокаут. По спектаклот кој се одржа утринава во наше време во Лас Вегас, познато е дека сега Вајлдер ќе се бори со Тајсон Фјури. Инаку ова беше 10 одбрана на светската титула за Вајлдер.
Одличниот Ортиз пријатно изненади доминирајќи во претходните шест рунди, откако во секоја од нив освои повеќе бодови од бранителот на појасот во ВБЦ-категоријата. Сепак, на крајот пресуди класата на Вајлдер, кој со еден удар го испрати Кубанецот на под, Ортиз не успеа да стане, па судијата ја прекина борбата доделувајќи му ја победата на ветеранот.
-Еве сега гледате зошто ниту еден боксер не сака да се бори со Ортиз. Многу е лукав и знае како да се однесува во секој момент. Кога најдов слаба точка кај него успеав да ја искористам и затоа победив. Сепак, за да се борите со мене треба да сте перфектни во сите 12 рунди. Јас треба да сум перфектен само две секунди за да го добијам мечот, го потврдив тоа и денеска, рече светскиот првак.
Ова е бокс, реков и претходно дека нема оваа борба да оди до 12 рунда. Беше јас или тој, се обидов да стана по броењето кое беше малку побрзо од тоа што мислев, посочи Ортиз.
All of Ortiz's sweat gone in one punch. #Wilder vs #ortiz WBC champion. pic.twitter.com/ZUWH8mWjPy
— Funny Punny ⚵ (@funnynpunny12) November 24, 2019