Најмалку 23 луѓе загинаа при денешниот пад на мал авион во Демократска Република Конго, соопштија спасувачките служби.
Авионот се урнал при полетувањето во местото Гома, во населен кварт во близина на аеродромот.
– До сега извлековме 23 тела, изјави претставник на цивилната заштита.
https://twitter.com/eliezaireushin/status/1198538761791066112
При уривањето на авионот оштетена е најмалку една куќа.
Во октомври загинаа осум патници при пад на товарен авион по полетувањето од истиот аеродром. Авионските несреќи во ДР Конго се прилично чести поради ниските безбедносни стандарди и лошото одржување на авионите.
https://twitter.com/eliezaireushin/status/1198527030284959751