Прес конференција на Иван Трпески, член на комисија за енергетика на СДСМ
„ Енеретската заедница во официјален извештај, вели дека, денес, Северна Македонија е шампион по реформи во енергетска политика. Еве зошто реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски:
- цената на струјата престана да расте и се стабилизира.
денес, имаме најниска цена на струјата во европа. во време на вмро дпмне од 2006 до 2016 цената на струјата сепокачи за 100%
- ја вративме евтината тарифа на струјата
ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата. еве не, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.
- зголемено едомашно производство на струја
Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.се купуваше струја за над 200 евра.
Денес, Електрани на Северна Македонија не купува струја. Електрани на Северна Македонија продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
- ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аерозагадувањето. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.
Спротивно на ова, Мицкоски како директор на ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) ја водеше најлошата енергетска политика во земјава. во тоа време цената на струјата се покачи за 100%, земјава увезуваше скапа струја, додека елем се расфрлаше со јавни пари на непродуктивни проекти.
Најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата.