Две лица се исчезнати откако се преврти закотвена јахта на пристаништето во Антирио 

Во тек е акција на полицијата, противпожарната и крајбрежната служба на Грција за пронаоѓање на две лица кои исчезнале откако се превртила малата јахта закотвена на пристаништето во грчкиот град Антирио во западниот дел на земјата.

Лошите временски услови, дождот и силниот ветер веројатно се причината за превртувањето на малата јахта, а во спасувачката акција, како што соопштуваат од противпожарната служба на Грција вклучени се 11 пожарникари со шест возила и двајца нуркачи, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на спасувачките служби.

Треба да знаете
Последни објави