Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев упати остро предупредување до ВМРО-ДПМНЕ за „исклучително непријатните изјави на членови на раководството против Бугарија“ во интервјуто за бугарското радио Фокус, пренесува Експрес.мк.
„На средбата што ја имавме заедно со премиерот Бојко Борисов со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сакавме да дознаеме дали неговата партија, ако стане владеачка, ќе го поддржи Договорот за добрососедство. За жал, не добивме јасен одговор и во последните два дена видовме исклучително непријатни изјави од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од членови на раководството, тешки, со сеење омраза против Бугарија. Тоа е апсолутно недопустливо и убеден сум дека ние нема да го оставиме без последици нивното однесување, ако навистина такво е однесувањето, таков е односот на таа партија кон Бугарија. Сакаат да им се извиниме за последните 300 години, колку лоша била Бугарија кон Македонија и Македонците и целата пропаганда од 1944 година беше одново воскресната“, изјави Ковачев во интервју за бугарското радио Фокус.