Мицкоски е изгубен во сопствените лаги, видеото покажа дека едно зборува дома друго надвор, тој е лажен патриот и нечесен кон граѓаните

Соопштение за јавност, реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски

„Тажно е да се гледа како Христијан Мицкоски се плетка во сопствените лаги, секојдневно обидувајќи се да го испере срамот од дебаклот што го доживеа на Самитот на ЕПП во Загреб.

Залудни се обидите на Мицкоски. Во видеото во прилог јасно се гледа и слуша, на прашањето, дали го поддржува Договорот со добрососедство со Бугарија, Мицкоски како јасно одговара дека поддржуваат, или “поткрепаме” како што вели тој.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2591682201059834/

Јасно е дека Мицкоски е тој што лаже. Мицкоски е загубен во сопствените лаги и ниту една прес конференција, ниту едно партиско соопштение од белиот дворец, ниту едно интервју тоа нема да го покрие. Со таков лажен патриотизам и нечесен однос кон граѓаните, Мицкоски го очекува пораз на парламентарните избори на 12 април.

Се покажа уште еднаш дека Мицкоски нема став, дека едно зборува дома, а друго зборува надвор од државата. “

Треба да знаете
Последни објави