Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски го постигна голот првенец во дресот на италјанскиот калчолигаш Удинезе каде пристигна летово од редовите на Палермо. Хесторовски стрелеше за водство на Удинезе, но тоа не му беше доволно на тимот од Удине да остане непоразен на гостувањето во 13. коло кај Сампдорија во Џенова. Домаќинот успеа да направи целосен резултатски пресврт (2:1).
Удинезе со поразот остана на 14 бода по 13 кола и е 13-то пласиран, додека Сампдорија со победата стигна до 12 бода и излезе барем на една недела од опасната зона.