Нов хит на социјалните мрежи: Црна лимонада
Темен пијалак, вообичаено нарекуван „црна лимонада“, е новиот интернет хит, што со голема брзина се шири на социјалните мрежи.
Тоа всушност е лимонада што во себе содржи активен јаглен од кокосово дрво, кој и ја дава црната боја на напитокот.
Активниот јаглен се таблети што се продаваат и во аптеките, но за во „црната лимонада“, се потребни една таква таблета, малку повеќе вода, сок од лимон или лимета и засладувач, на пример – мед.
Пијалакот е одличен за детокскација и слабеење, а и за утрата по „бурни“ ноќи со многу алкохол.