Хуманитарната организација Ротаракт клуб Скопје овој викенд продолжи со еколошката акција „Ротаракт шума” и засади неколку видови шестгодишни садници јасен и јавор зад Мајчин дом во општина Аеродром.
-Акцијата, која се спроведе во соработка со општина Аеродром, е втора од овј вид на клубот Ротаракт Скопје, по што ќе следат повеќе слични акции низ целата земја, од страна на останатите Ротаракт-клубови од Македонија. Целта е да се зголеми квантитетот на зеленило во градот за почиста и поздрава животна средина за сите граѓани, соопшти Ротаракт клуб Скопје.