Нови сопственици на рекордот за најпосетен тениски меч се Роже Федерер и Александер Зверев. Тие во Мексико играа еден против друг пред 42.517 гледачи. Историското шоу се случи на најголемиот стадион за корида, „Плаза де Торос Мексико”.
Досега, тој беше е во сопственост на Серена Вилијамс и Ким Клајстерс, кои собраа 35.681 навивачи за нивниот демонстративен судир во 2010 година.
– Каква грешка беше да не доаѓам во Мексико дури 23 години. Ова искуство не може никако да се опише. Ова е историски ден, ветувам дека нема да чекам уште 23 години до мојата следна посета на Мексико, изјави Федерер кој со 3:6,6:4,6:2 го победи Зверев.
Más de 40,000 espectadores en la Monumental Plaza de Toros México para presenciar @rogerfederer🇨🇭vs 🇩🇪 @AlexZverev #TheGreatestMatch I #BePartOfIt I #FedererEnMéxico pic.twitter.com/I6qJfqbsw7
— TUDN MEX (@TUDNMEX) November 24, 2019