Визбеговци не сакаат комшии да им бидат деца од поранешниот дом „Ранка Милановиќ“

Денеска времено беа дислоцирани трите деца штитеници од поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, бидејќи нивните соседи во Визбегово излегоа на протест поради нивното сместување во соседството. Преставниците на центарот ваквото однесување на жителите на Визбегово го оценија како дискриминирачко. Осуда за однесувањето на жителите имаше и од Хелсиншкиот комитет.Трансформацијата од големи домови во мали групни домови беше со цел помалку деца да добијат дом за живот со цел да се ресоцијализираат и да имаат квалитетен живот.

Жителите обвинија дека децата правеле проблем во местото, шетале низ дворовите на куќите, а вработени во центарот преку социјлани мрежи ги навредувале за тоа што не се согласуваат со тоа деца со проблематично воспитување да им се во близина. Случајот допрва ќе се расветлува.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска им се обрати на жителите преку својата фејсбук страна.

-Трите деца за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Се надевам дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете, напиша Мила Царовска.

 

Треба да знаете
Последни објави